Во понеделник во Охрид започнува манифестацијата ,,Прличеви беседи“, ова е планираната програма

- Локални
88
Во понеделник, 5-ти февруари во Охрид и годинава ќе се одржи традиционалната манифестација ,,Прличеви беседи“ со која се одбележува годишнина од смртта на Григор Прличев.
Од 11:45 часот ќе биде поставена изложба на ликовни дела од колекцијата на Центарот за култура „Григор Прличев“ во изложбениот салон, додека од 12:00 часот започнува свеченоста посветена на лауреатот на наградата „Григор Прличев“.
Предвиден е настап на градскиот хор „Вокс Лихнидос“, обраќања на претставник на Центарот за култура и Општина Охрид претставување на наградената поема „Денес”, артистичка изведба на поемата, врачување на Повелбата за најдобра поема за 2023 и свечено обраќање на лауреатот Славе Ѓорѓо Димоски.
Strugaonline

Facebook Коментари