Започна реконструкцијата на пумпната станица за водоснабдување во Струга

- Локални
794
-Реализираме еден многу важен проект за Општина Струга, кој е во застој повеќе од 30 години.-соопштија од ЈП Водовод и канализација-Струга.
-Во интерес на граѓаните започна реконструкција на пумпна станица за водоснабдување на Струга и околината, финансирана од Министерство за транспорт и врски со вредност од 4.5 милиони денари.- стои во соопштението од претпријатието.
Во тек е инсталација на нови пумпи и реконструкција на објектот на пумпната станица во село Шум, Струга.

Facebook Коментари