Започнаа градежните работи за изградба на новите простории во рамките на градинката ”8 Март”

- Локални
1485

Општина Струга во текот на вчерашниот ден преку соопштение ја информираше јавноста дека со започнувањето на  градежните работи за изградба на новите простории во рамките на градинката ”8 Март” стои зад своите ветувања.

Во соопштението се вели:

„Општина Струга го одржа ветувањето

Нови простории за градинката ”8 Март”

Денес почнаа градежните работи за изградба на новите простории во рамките на градинката ”8 Март”.
Ќе се изградат 2 нови објекти, во кои ќе бидатр сместени 3 паралелки според највисоките стандарди.

После барањата од страна на родителите за регистрација на нивните деца, кои о ден на ден беа се побројни, Општина Струга реши овој проект да е приоритетен помеѓу другите проекти.“

Извор: Strugaonline/Општина Струга

Фото: Општина Струга

Facebook Коментари