Зголемен интензитет на сообраќај надвор од градските средини – на Богородица и Дојран се чека од 30 минути до еден час

- Македонија
733

Авто- мото сојузот на Македонија информира дека на граничните премини Богородица и Дојран утринава за излез од државата се чека од 30 минути до еден час.

Според информациите од АМСМ  на граничниот премин Богородица се чека еден час, додека на граничниот премин Дојран околу 15 до 30 минути.

На останатите гранични премини нема подолги задржувања.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Facebook Коментари