Започнува 11-тото издание на фестивалот „Пображење“ во Вевчани

- Локални
393

Денеска во Вевчани започнува единаесеттото издание на фестивалот на народна култура „Пображење“ во организација на КУД „Дримкол“.

Свеченото отворање е заказажано за утре на големата сцена на спортското двориште каде ќе настапат домашни и странски културно-уметнички друштва.

Според објавената програма, фестивалот ќе започне со стручна едукативна вечер на тема: „Народните ора низ призмата на етнокореолошките записи“ на која ќе говори м-р Стојанче Костов, асистент и истражувач на народни ора од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје.

Ќе настапат:КУД „Дримкол“ – Вевчани, КУД „Илинден“- Струга, КУД „Соко“- Инџија, Република Србија, КУД„Илинден“ – Демир Хисар, а преку целовечерен концерт под наслов: „Приказни од чаршијата“ ќе се претстави КУД „Илинден од Битола.

Покрај сценско уметничката презентација на орската, инструменталната и вокалната култура, во рамките на фестивалот се реализира и програмската содржина: „Народната култура во Вевчани, инспирација за ликовните уметници“, на која тема оваа година во Вевчани ќе слика академскиот сликар Јане Бакрески, ликовен уметник и доцент по визуелни уметности на универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Фестивалот ќе заврши на празникот Преображение Христово  (19-ти август) со етно звуците на македонскиот народен оркестар „Осоговски Извор“ – Оризари, Кочани и настап на КУД„Соко“ – Инџија, Република Србија.

Оваа година, фестивалот е под покровителство на Сава пензиски фонд АД Скопје и Општина Вевчани.

Facebook Коментари