Денеска во Охрид започнува традиционалната манифестација „Прличеви беседи“, со која се одбележува годишнината од смртта на Григор Прличев.
Активностите со кои се чествува ликот и делото на најпознатиот охридски поет и преродбеник ќе започнат во 12:45 часот со отворањето на изложбата на ликовни дела на уметници од Република Македонија во Изложбениот салон при Центарот за култура „Григор Прличев“. Во 13:00 часот ќе започне свеченоста посветена на лауреатот Григор Прличев и настап на хорот при НУЦК „Григор Прличев“ со „1762 лето“. Свое обраќање ќе има и претставник од општина Охрид , а потоа следува претставување и артистичка изведба на наградената поема за 2018 година – „Крале Марко по втор пат“ од актерите Ивица Цонев и Павел Маслов. Потоа ќе биде врачена Повелбата за најдобра поема за 2018 година, а ќе следи и свеченото обраќање на лауреатот Славчо Ковилоски.
После овие активности, манифестацијата ќе продолжи и утре.
Maнифестацијата „Прличеви беседи“ се одржува во организација на Центарот за култура и библиотеката во Охрид што го носат неговото име, со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.
Strugaonline
фото: архива
Facebook Коментари