ЈП „Комунално“ реализираше акција за чистење на неколку улици во Струга

- Локални
698

Во текот на денешниот ден екипите на ЈП „Комунално“-Струга реализираа акција за чистење на просторот околу зградите на ул „Ристо Крле“ и просторот околу зградите на ул „Партизанска“.


„Во рамките на акцијата се врши рачно метење како и собирање на отпадот што е одложен на јавните површини, надвор од контејнерите и корпите за отпадоци . Во активностите учествуваа 18 работници како и едно специјално комунално возило.“ – информираат од ЈП Комунално Струга.

Извор: ЈП „Комунално“ – Струга

Strugaonline

Facebook Коментари