Започнуваат градежните активности за партерно уредување на дворот на мултикултурниот центар ,,Коста Србакоски”-Вевчани

- Локални
509
Денеска започнуваат  градежните активности за партерно уредување на дворот на Мултикултурниот центар ,,Коста Србакоски” Вевчани. – најави градоначалникот на Вевчани, Г-дин Спасе Кочовски.

Станува збор за модерен мултифункционален објект со корисна површина од 1400 м2.

Во него се опремени големата конгресна сала, повеќе сали за семинари, музејски простории, просторија со опреми за функционално уредување на мултимедијален туристички центар, како и простории со други придружни, главно спортски содржини.

Мултикултурниот центар свечено беше отворен на 12-ти јануари годинава

Проектот е финансиран преку Центарот за развој на југозападниот плански регион, во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој.

Strugaonline

Facebook Коментари