Засилени контроли во патниот сообраќај, казни за 35 возачи од Струга поради брзо возење

- Локални
299

На 19-ти јуни 2022 година, во периодот од 15:00 до 21:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени контроли во патниот сообраќај.

 – Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 81 возач на патнички моторни возила кои, ја надминале дозволената брзина на движење (Охрид 21, Струга 35, Кичево 19 и Дебар 6).
-Апелираме до возачите на моторни возила и до останатите учесници во сообраќајот, доследно да се придржуваат до поставената хоризонтална и вертикална сигнализација и на тој начи, да придонесат за поголема сообраќајна безбедност и подигнување на сообраќајната култура, велат од СВР Охрид.

Facebook Коментари