Денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови во северените делови ќе има изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. УВ= 9. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 24 до 36 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари