Затворен угостителски објект во Калишта, не почитувал работно време

- Локални
593

На 9-ти декември 2020 година, во 21:20 часот полициски службеници од Полициска станица од Струга во содејство со Државниот пазарен инспекторат, извршиле контрола во угостителски објект во селото Калишта, во сопственост на 36-годишниот А.Р. од Калишта.

-Надлежните органи констатирале дека работи после дозволеното работно време, определено согласно мерките за справување со коронавирусот, информираат од МВР.

извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари