Завршија археолошките истражувања на Самуиловата тврдина предвидени за 2022 година

- Локални
387
Завршија предвидените археолошки истражувања за 2022 година на локалитетот Самуиловата Тврдина во Охрид. Локалитетот Самуилова Тврдина веќе неколку години е истражуван во континуитет.-информираат од Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид.
-Со последните истражувања имаме сознанија за хронолошката комплексност на локалитет, а секако и показателите од движен и недвижен карактер укажуваат на развојот на културните хоризонти и неговите етапи. Во контекст на ова истражени беа околу 150 м² , при што беше откриена архитектура која е дел од поголем комплекс на градби кои припаѓале на доцниот османлиски период, како и фрагменти од керамички садови ; делови од глеѓосани зргафито чинии, луксузни лулиња, монети и други предмети кои го бележат секојдневниот живот на населението кое живеело на овие простори во периодот од доцната антика па се до доцниот османлискиот период. За прв пат беше извршено и фотограметриско снимање на северната и јужната половина од Цитаделата. -стои во соопштението од Установата.
Финансиските средства за реализација на проектот беа обезбедени со програмата за финансирање од буџетот на Република Северна Македонија со наслов: “ Доистражување на просторот од Самуилова Тврдина – Цитадела , изработка на конзерваторски проект и непосредна заштита – конзервација на објекти со цел ревитализација на целиот простор, заради целосна презентација и самоодржување.
Раководител на проектот е археолог Анатоли Арнаудовски.

Facebook Коментари