Во Паркот на поезијата во Струга, утревечер ќе се одржи завршната изложба во рамки на Ластар-Вишни Хаб резиденција.
-На завршната изложба ќе бидат претставени дела создадени од учесниците на резиденцијата, уметниците Река Самир од Велика Британија, Мирко Дадиќ од Италија Милица Ѓуриќ од Србија и Андријана Пајовиќ од Србија. Локална поддршка се уметниците: Милко Нестороски, Викторија Попоска и Горан Ристовски.-информираат организаторите.
Додаваат дека проектот има за цел да вклучи меѓународни уметници во локалниот пејзаж и заедница и да изгради мрежа на идеи преку заеднички работилници, активности, читања и предавања.
Завршната изложба е во склоп на уметничката резиденција „Ластар 2024“ поддржанa од Министерство за култура, и во соработка со здружение ИНКА и развојниот хаб во с.Вишни.
Strugaonline
Facebook Коментари