Здружението на пензионери- Струга го одбележа Денот на пензионерите

- Локални
613

Здружението на пензионери- Струга со Свечената седница во одморалиштето на Црвен крст „Солферино“ го одбележа Денот на пензионертите, 20-ти септември, каде беше организиран коктел за сите пензионери.

На седницата, покрај делегатите на Собранието, членовите на ИО, на НО,  претседателите на ограноците, на Активот на жени, на комисиите, беа присутни и многу други пензионери.

Претседателот Милорад Трпоски на присутните им го честиташе празникот, им посака добро здравје и долг живот, а  претседателот Минир Мамути присутните ги поздрави на албански јазик.

ЗП Струга секоја година Денот на пензионерите 20 септември го одбележува на пригоден и достоинствен начин. Така беше и оваа година.

ЗП Струга истовремено го одбележа и 77 – години од Здруженињето на пензионери – Струга.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

Facebook Коментари