Земјотрес од 2,1 степени по Рихтер почувствуван во Охрид

- Локални
874

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава регистрираше земјотрес во близина на Охрид.

Земјотресот се случил во 02:26 часот со епицентар на 10 километри источно од Охрид со Рихтерова магнитуда од 2,1.

Потресот беше почувствуван од населението во Охрид и неговата непосредна околина со интензитет III степени според Европската макросеизмичка скала.

Facebook Коментари