Османи денеска ќе присуствува на состанокот на Советот за развој на југозападниот плански регион

- Локални
690

Денес, 2. февруари 2018, со почеток во 10:30 часот Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на ИПА Национален Координатор ќе се обрати пред претставниците на целата ИПА структура во Република Македонија во рамки на годишната ИПА работилница која се одржува во Струга.

Вицепремиерот Османи исто така ќе присуствува и на состанокот на Советот за развој на југозападниот плански регион, каде ќе се обрати пред градоначалниците на општините од југозападниот плански регион и заедно со тимот за распределба на странска помош при Секретаријатот за европски прашања  ќе ги презентираат состојбите, можностите за финансирање на проекти наменети за локалната самоуправа со средствата од европските фондови.

Пред почетокот на состанокот на Советот за развој на југозападниот плански регион Вицепремиерот Османи ќе даде изјава за медиумите со почеток во 11:00 часот во просториите на општина Струга.

Извор: Влада на РМ

Strugaonline

 

 

 

 

Facebook Коментари