Жител на Подгорци физички нападнал соселанец и полициски службеници

- Локални
570

На 16.02.2020 во 13.50 часот во Одделението за внатрешни работи Струга бил приведен А.А.(32) од струшкото село Подгорци. Тој претходно го нарушил јавниот ред и мир и се обидел физички да го нападне М.Џ. од истото село. При преземање мерки со за расчистување на нарушениот јавен ред и мир, А.А. физички ги нападнал полициските службеници. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари