
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Љ..(50) од прилепското село Лажани. При контрола извршена на 31.03.2021 година во 22.30 часот на магистралниот пат Струга-Ќафасан, полициски службеници сопреле патнички автомобил „Фолксваген Шаран“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од пријавениот и приоа, констатирале дека тој, нема дозвола за движење во полициски час со што, ја прекршил забраната за движење на населението во времето од 20 до 05 часот.
Facebook Коментари