6 лица во Струга и 8 во Охрид казнети поради неносење маски

- Локални
299

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 35 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-08, Струга-06, Кичево-19, Дебар-02). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Во овој период, во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршени се 37 контроли по угостителски и други објекти (Охрид-10, Кичево-27). Истовремено, во Охрид евидентирано е 01 прекршување на забраната за движење од 24 до 04 часот со цел  спречување на ширењето на вирусот Ковид 19. Против него  ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари