Жителите на Октиси се подготвуваат за масовни протести против сечата на шумата во селото

- Локални
763
Жителите на село Октиси масовно се подготвуваат за протест против сечата на шумата и загадувањето на изворите од кои селото добива вода.
„Деновиве жителите на селото Октиси, поради фактот дека и покрај тоа што нашата држава како и целиот свет се соочува со здравствената криза предизвикана од Корона вирусот и рестриктивни мерки на движењето на граѓаните, како и фактот дека целиот процес околу сечаата на шумата се наоѓа пред суд, а сепак истата интензивно продолжува, жителите на С. Октиси се подготвуваат масовно да излезат на протести доколку истата продолжи и понатаму.“ – вели за Strugaonline Даниел Шикоски, претставник на месната заедница на село Октиси.
Тој додава дека раководството на месната заедница во Октиси  ги предупредило жителите дека во овој момент масовни собири не се дозволени, но  мнозинството од жителите биле многу револтирани.
„Одлучни се по секоја цена масовно да излезат на протести доколку не се стопира сечата на шумата. “ – информира Шикоски.
Strugaonline
фото: архива

Facebook Коментари