10 нови случаи на ковид 19, 18 оздравени, нема починати лица

- Македонија
472

Во последните 24 часа се направени 3.529 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на КОВИД-19 од:
Скопје, Куманово и Прилеп – по 2, Гостивар, Крива Паланка, Кратово и Охрид – по 1.

Регистрирани се 18 оздравени пациенти од:
Скопје – 11, Прилеп и Радовиш – по 2, Куманово, Битола и Кичево – по 1.

Не се регистрирани нови починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 844.654 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.593, бројката на оздравени пациенти е 149.708, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 413.

Facebook Коментари