Македонија на Европско денеска игра против Украина

- Спорт
444

Македонската фудбалска репрезентација денеска од 15:00 часот против Украина на Националната арена во Букурешт го игра вториот натпревар од групата Ц на ЕУРО 2020.

Македонскиот селектор на Игор Ангеловски на вчерашната официјална прес – конференција истакна дека неговите избраници ги очекува најважниот натпревар во кариерата.

– Дојдовме на ЕУРО со цел да се пласираме во втората фаза и таа фаза за нас е активна. Имаме пред нас ривал кој исто така има нула бодови, што значи дека ова за нас е финале. И да не успееме нема да биде трагедија, а нормално дека ќе дадеме се од себе. Украинците се квалитетни, тоа го покажаа и против Холандија. Имаат одлични индивидуалци, но и ние имаме квалитет и покажавме дека можеме да се носиме со сите, изјави Ангеловски.

 

 

Facebook Коментари