198 нови случаи на КОВИД 19, во Струга 3

- Македонија
496

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.382 тестирања, а регистрирани се 198 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-83, Куманово-12, Дебар-1, Штип-21, Прилеп-2, Тетово-9, Струга-3, Велес-2, Битола-11, Охрид-3, Гостивар-10, Радовиш-7, Кочани-1, Пробиштип-2, Демир Хисар-3, Свети Николе-27, Кичево -1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени лица од: Скопје-71, Штип-7, Тетово-12, Велес-1, Битола-1, Кочани -1, Пробиштип-1, Кичево-1, Ресен-2.

Починати се 4 лица, еден пациент од Скопје, двајца од Прилеп и еден од Тетово.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа четворица пациенти на возраст од 49, 61, 70 и 72 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8530,  бројката на оздравени пациенти е 4565, на починати е 393, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3572.

Facebook Коментари