Излезноста во Вевчани до 15:00 часот е 49, 2 отсто

- Македонија
455

Одѕивот на гласачите до 15:00  часот е 31,78 отсто, соопштија од Државната изборна комисија  попладнево на прес-конференција.

Во Првата изборна единица излезноста е 34,51, во Втората – 29,96, во Третата – 37,24, во Четвртата-35,56, во Петтата – 31,51 и во Шестата – 22,85 отсто.

По изборни единици најголема излезност во Првата изборна единица има во Центар – 38,82 отсто, во Карпош – 38,4 и во Кисела Вода – 36,77 отсто.

Во Втората изборна единица се издвојува Ѓорче Петров со 36,74 отсто и Бутел со 34,54 отсто.

Во Третата изборна единица и понатаму најголем е одѕивот во Пробиштип – 44,32 отсто, по што следуваат Лозово – 42,46, Берово – 41,09 и Градско – 37,62 отсто.

Во Четвртата изборна единица најголема излезност има во Гевгелија – 44,01 отсто, како и во Демир Капија – 42,52 и Неготино со 41,5 отсто.

Во Петтата изборна единица, излезноста во Вевчани е 49, 2 проценти, во Крушево – 47,02 проценти и во Дебрца – 36,07 проценти.

Во Шестата изборна единица, каде има најмал одѕив од сите изборни единици, најмногу на гласање излегле во Тетово 26,17 проценти и во Јегуновце – 25,31 отсто.

Следната прес-конференција на која ДИК ќе објави нови податоци за излезноста е закажана во 17:30 часот.

Facebook Коментари