Лев банер Десен банер

32 нови случаи на ковид 19, во Струга моментално нема ниту еден активен случај

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 665 тестови, а регистрирани се 32 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 28, Битола, Куманово, Прилеп и Велес – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (32), регистрирани се 3 реинфекции.

Регистрирани сe 12 оздравени пациенти од: Битола – 5, Кавадарци и Кичево – по 2, Скопје, Охрид и Берово – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.048.535 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.484, бројот на оздравени пациенти е 301.651, на починати е 9.300, а бројот на активни случаи изнесува 533.

Во Струга моментално нема активни счучаи на ковид 19.

error: