33-годишен охриѓанец тешко повреден во сообраќајка во Охрид

- Македонија
3928

На 4-ти март 2024 година, во 16:35 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „15-ти Корпус“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која е повредено едно лице.

– Незгодата се случила помеѓу товарно возило марка „Фиат“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 59-годишно лице од Прилеп и мопед „Томос“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 33-годишен охриѓанец. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР.

Извор: МВР

Facebook Коментари