Лев банер Десен банер

340 нови случаи на ковид 19, 11 починати

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.557 тестови, а регистрирани се 340 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 198, Велес – 21, Куманово – 17

Регистрирани сe 526 оздравени пациенти од: Скопје – 262, Велес – 29, Куманово – 28, Прилеп – 25, Битола – 24, Кавадарци – 23, Тетово – 22, Гостивар – 21, Ресен – 16, Гевгелија – 12, Кичево – 9 , Радовиш, Кочани и Неготино – по 7…

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 2 починати лица од Скопје (84г) и Кичево (75г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 9 починати лица од: Скопје (4), Куманово (1), Гостивар (1), Свети Николе (1), Крушево (1) и Гевгелија (1).Починатите лица се на возраст од 63г. до 93г. Лицата за починати се пријавени вопериод од 16.02. до 04.03.2022.

Досега во земјата починати се 9.097 лица, а бројот на активни случаи изнесува 2.248.

error: