342 нови случаи на ковид 19, 7 починати лица

- Македонија
513

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.349 тестирања, а регистрирани се 342 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 135, Битола – 35, Велес – 17, Прилеп, Кавадарци и Берово – 16, Охрид – 15, Куманово – 13, Струмица – 10, Штип – 9, Кочани и Гевгелија – по 8, Свети Николе и Ресен – по 6, Радовиш и Валандово – по 5, Делчево – 4, Гостивар, Кичево, Неготино, Крива Паланка, Пробиштип и Кратово – по 2, Тетово, Струга, Виница, Демир Хисар, Демир Капија и Дојран – по 1.

Регистрирани сe 348 оздравени пациенти од: Скопје – 141, Битола – 33, Прилеп – 25, Кавадарци – 21, Велес – 18, Кочани – 14, Ресен и Валандово – по 10, Гевгелија и Делчево – по 8, Штип – 7, Берово, Крива Паланка и Демир Хисар – по 6, Струмица и Свети Николе – по 5,  Радовиш, Неготино и Тетово – по 4, Пехчево – 3, Охрид и Пробиштип – по 2, Гостивар, Кичево, Кратово, Виница, Богданци и Македонска Каменица – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 3 починати лица од Скопје (67г, 74г и 79г) и по 2 починати лица од Битола (65г и 87г) и Охрид (65г и 77г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Facebook Коментари