50 нови случаи на ковид 19 во Македонија, во Струга денеска нема нови случаи

- Македонија
578

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.955 тестирања, а регистрирани 50 нови случаи на ковид 19

  • Скопје – 27
  • Куманово – 5
  • Прилеп – 4
  • Гостивар – 3
  • Тетово, Велес, Штип и Кичево по 2
  • Струмица, Гевгелија и Виница по 1

Пријавени се вкупно 18 починати лица: 8 лица од Скопје (63г, 67г, 69г, 72г, 72г, 77г, 80г, 88г), 3 лица од Тетово (75г, 76г, 78г), 2 лица од Битола (84г, 88г) и по едно лица од Прилеп (68г) Кавадарци (79г), Кочани (74г), Радовиш (80г) и Дебар (55г).

Регистриран е 81 оздравен пациент од:

  • Скопје – 34
  • Прилеп – 9
  • Струмица – 7
  • Куманово – 6
  • Штип, Кочани и Крушево по 4
  • Радовиш и Пробиштип по 3
  • Велес и Кичево по 2
  • Свети Николе, Делчево и Виница по 1

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.217, бројката на оздравени пациенти е 147.381, на починати е 5.387, а бројот на активни случаи изнесува 2.449.

Facebook Коментари