Стенд Ап Комедија со Марјан Ѓоргиевски следната сабота во Охрид

- Локални, Останати
529

НУ Центар за култура “Григор Прличев“ – Охрид ве поканува на Вакцинален Stand up comedy со Марјан Ѓоргиевски во сабота,  05.06.2021 година , со почеток во 20.00 часот.

,,Сите граѓани на градот Охрид и околината по сите можни протоколи (маски, растојание и дезинфекција) се поканети да изберат со која вакцина ќе се  вакцинираат против глупоста, политиката, тик токот, учебниците, кинезите и лилјаци, Бил Гејц, 5џи, евровизија, инфлуенсерки. Ваксајн ис каминг.,,-стои во најавата за оваа стенд-ап комедија
Цена 200 денари. Влез на публика од 19:30 часот, почеток 20.00 часот.
Задолжително е носење заштитна маска! За време на настанот важи протоколот кој е одобрен од Комисијата за заразни болести, а се однесува на настани во затворен простор. Бројот на билети е ограничен на 30% од капацитетот на големата сала. За повеќе детали околу протоколите обратете се во Центар за култура “Григор Прличев“ – Охрид.
Картите по цена од 200 денари ќе бидат пуштени во продажба од понеделник (31.05.2021) на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063.
Strugaonline

Facebook Коментари