7 нови случаи на Kовид-19 , 47 оздравени

- Македонија
538

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 47 оздравени пациенти во: Скопје-9, Куманово-9, Прилеп-8, Тетово-13, Охрид-1, Гостивар-5, Кочани-1 и Крива Паланка-1.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден пациент од Скопје на 65 годишна возраст, хоспитализиран на Kлиниката од 27 април.

Во изминатите 24 часа направени се 113 тестирања, а потврдени се 7 нови случаи на Kовид-19 и тоа во: Скопје-1, Прилеп-1, Тетово-4 и Кратово-1.

Согласно ова вкупната бројка на Kовид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.518, бројката на оздравени пациенти е 992, на починати е 85, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 441.

Последната дистрибуција по градови е следна:

• Скопје – 512

 Куманово – 401

 Дебар – 51

 Штип-34

 Прилеп –159

 Тетово – 90

 Струга – 67

 Велес – 77

 Битола –19

 Охрид –15

 Кавадарци – 5

 Гостивар –17

 Гевгелија – 4

 Струмица – 2

 Крива Паланка-5

 Радовиш – 4

 Крушево – 3

 Кочани – 31

 Пробиштип – 2

 Кичево – 2

Неготино -9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

 Демир Хисар – 1

 Македонски Брод -2

 Пехчево- 2

 Делчево-1

 Валандово -1

 Виница – 2

 Кратово-1

Направените 113  теста се преку: ИЈЗ –108, Ветеринарен ф-тет -0 , Авицена –0, Биотек -0, Филип Втори (Жан Митрев) –0, Систина со PCR метода  -0 и МАНУ -5.  Досега во земјата се направени вкупно 17.359 тестирања на Ковид -19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 2 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 41. На кислородна поддршка е 21 пациент, а на механичка вентилација 1.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 3 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 24. На респираторна машина се 5 пациенти, а уште 3 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 2 пациенти.

Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 4, а уште 4 се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Гостивар и Тетово се хоспитализирани 46 позитивни и суспектни на Ковид-19.

Facebook Коментари