ААВМУ: Да не се фаворизираат медиуми при споделување информации поврзани со бројките на заболени од КОВИД 19

- Македонија
433

Поради појавата на непроверени и нецелосни информации поврзани со бројот на заболени од COVID-19 во државава, потсетуваме дека во ваква ситуација точното и навремено информирање на граѓаните е врвен приоритет и од суштинско значење за јавниот интерес.-велат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Од таму додаваат дека е забележана практика надлежни здравствени институции да фаворизираат одредени медиуми и тие први да ги добиваат информациите поврзани со коронавирусот.

Агенцијата повторно апелира надлежните органи да дистрибуираат целосни информации до сите медиуми истовремено и на сите да им овозможат еднаков пристап до нив. Во спротивно, тие можат да станат потенцијален извор на дезинформации.

„Истовремено, ги повикуваме медиумите, имајќи ја предвид нивната општествено одговорна улога, при своето работење да се водат од професионалните новинарски стандарди и принципи, а не од принципот на ексклузивитет.“ – стои во соопштението од ААВМУ.

Strugaonline

 

Facebook Коментари