Адеми: Деновиве ќе се одлучи дали државната матура ќе се полага во јуни или ќе се укине за оваа генерација

- Македонија
775

– Деновиве ќе ја донесеме конечната одлука како ќе се полага државната матура – дали во јуни или ќе биде укината за оваа генерација матуранти, истакна министерот за образование и наука Арбер Адеми на онлајн прес-конференција.

Адеми информираше дека на некоја од следните седници на Владата ќе се разгледува конкретен образовен план со сет мерки.

– Подготвивме конкретен образивен план со сет мерки што ќе се преземат следниот период – и за упис на првачињата, за упис во средно и за високо образование, како и за државната матура. Не би било кокретно да објавам тоа што го подготвивме пред да се разгледува на седница на Влада, но една од опциите е укинување на државната матура за оваа генерација што завршуваат средно образование, рече министерот Адеми кој е сè уште во самоизолација.

Во тој случај, посочи Адеми, факултетите ќе треба да организираат квалификациски испити ако има конкуренција и повеќе матуранти имаат ист број бодови од успехот во средното образование, но смета дека ќе нема проблем зашто некои факултети веќе практикуваат квалификациските испити.

 

 

Facebook Коментари