АМСМ: Снег на планинските превои Пресека и Стража, забрана за тешки товарни возила

- Македонија
617

Утрово е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на повеќе патни правци и превои, информираат од Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Од 07:15 часот е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека, од 06:30 часот на планинскиот премин Стража и патниот правец Гостивар – крак Маврово – Дебар, а од синоќа има забрана за тешки товарни возила на патниот правец Р1209 Тетово – Попова Шапка додека за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места има остатоци од кашест снег на коловозот. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Извор: АМСМ

фото: архива

Facebook Коментари