Време- Претпладне облачно со врнежи од дожд и снег, попладне разведрување

- Македонија
417

Претпладне облачно со повремени врнежи кои и на некои пониски места ќе преминуваат во снег. Во западните делови ќе се формира нова снежна покривка. Повремени слаби врнежи од снег се очекуваат и во делови од Скопската котлина. Попладне врнежите ќе престануваат и ќе настапи постепено разведрување. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 4 до 9 степени.

Утре утрото ќе биде студено, преку денот сончево со мала, а во западните делови умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 4 до 12 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари