АМСМ: Снег со слаб интензитет провејува на планинските премини „Стража“ и „Ѓавато“

- Македонија
274

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува во Маврово, Попова Шапка, Крушево, како и на планинските премини „Стража“ и „Ѓавато“, информираат од АМСМ.

 – Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево, апелираат од АМСМ.

Додаваат дека од 15-ти ноември 2022 година на сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2023 година

Facebook Коментари