AMСМ: Влажни коловози, снег има на „Стража“, „Пресека“, Маврово, Попова Шапка, „Плетвар“

- Македонија
481

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Врнежи од снег има на „Стража“, „Пресека“, Маврово, Попова Шапка, „Плетвар“, Кула и Крива Паланка – г. п. „Деве Баир“.

Поради појава на магла, видливоста на планинскиот премин „Ѓавато“ е намалена на 20-50 метри.

– За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информираат од АМСМ.

Препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

извор: АМСМ

Facebook Коментари