АМСМ-Возете внимателно, снег провејува на Попова Шапка и на планинските премини „Маврово“ и „Стража“

- Македонија
490

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.

– Снег провејува на Попова Шапка и на планинските премини „Маврово“ и „Стража“ кој не се задржува на коловозот, информираат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони.

Извор: АМСМ

фото: архива

Facebook Коментари