Три лица во Охрид, Струга и Кичево возеле под дејство на алкохол

- Локални
348
Новогодишната ноќ, на подрачјето на СВР Охрид помина мирно и без евидентирани нарушувања на јавниот ред и мир. На 01.01.2021 година во 03:10 часот на улицата „Радојца Новичиќ“ во Охрид  З.А.(68) од селото Велгошти, управувајќи патничко возило „југо“, со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. Во незгодата, возачот се здобил со телесни повреди.

Со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, на 31.12.2020 и 01.01.2021 година, во времето од 22 до 04 часот, на целото подрачје на СВР Охрид беа реализирани засилени акциски сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници во Охрид, Струга и Кичево, кај три лица кои управувале моторни возила било констатирано дека управуваат под дејство на алкохол. Тие се исклучени од сообраќај и одземени им се возачките документи, по што ќе им бидат поднесени соодветни пријави.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари