Бектеши: Има простор за намалување на цените од над 10%, следната недела се замрзнуваат над 50 основни прехранбени производи

- Македонија
270
„По конструктивна дебата со најголемите супермаркети во земјава заеднички се согласивме дека има простор за намалување на цените на основните прехранбени производи и како добра воља и како општествено одговорни компании тоа го прифатија” кажа министерот за економија Крешник Бектеши по денешниот работен состанок со претставници на најголемите супермаркети во државата.

Како што појасни министерот Бектеши, станува збор одлука за намалување на цените на над 50 основни прехранбени производи од кои 90 посто се даночат со 5% ДДВ, а останатите со 10% ДДВ. Одлуката  ќе биде предложена на следната седница на Владата и ќе предвидува  цените да се намалат за минимум 10%.

Facebook Коментари