Битиќи: Ќе има мерки за затворените угостителски објекти

- Македонија
751

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи најави дека ќе се спроведат нови мерки за економските оператори кои овие две недели ќе бидат затворени поради новите рестрикции против ширењето на коронавирусот.

„Во моментов разгледуваме неколку модели кои ќе се базираат на покривање на дел од остварените приходи во последните месеци. Секако за споредба мораме да земеме месеци со кои би можеле да симулираме колку тие истите би направиле приходи доколку не се случи ова затворање. Во моментов приоритет е здравјето и заштита на здравјето на граѓаните, за сите настанати штети во економијата, како и досега, државата ќе излезе пресрет“, напиша Битиќи на Фејсбук.

Тој додава дека како и во вонредната состојба оние угостителски објекти кои вршат достава можат да продолжат истото да го прават и по полицискиот час, секако со соодветни дозволи за движење. Дополнително, во текот на денот можат да продаваат храна и пијалоци од шалтер (take away или to go) без послужување во самите локали.

Битиќи вели дека оваа опција за шалтерско работење  ќе овозможи за поголемиот дел од нив да продолжат делумно да работат.

Strugaonline

фото: архива

 

Facebook Коментари