Специјализираната болница за нефрологија во Струга набави нова медицинска апаратура

- Локални
684

Се модернизира Специјзализираната болница за Нефрологија  во Струга.  Набавена е нова медицинска апаратура, нов дигитален рентген апарат и  апарат за молекуларна дијагностика за брзо откривање на вирусни и бактериски заболувања.
Молекуларна дијагностика има само во четири здравствени установи во земјава и е од големо значење за пациентите во Југозаппапдниот регион.  За само еден час ќе се утврдува вирусна инфекција.

-„Се работaт сите интервенции за пациентите, крвни слики, дијагностика и рентген. Ќе го добиеме новиот дигитален  рентген апарат кој го купивме со сопствени средства, мислам дека ќе помогне во дијагностиката и во квалитетот на рентгенските снимки  “, информира  д-р Александар Попоски субспецијалист нефролог и директор на Специјализираната болница за нефрологија Струга.

Годинава  болницата  ќе започне  со правење на бубрежни биопсии.  Единствениот предизвик  им е  воведување  трансплантација на бубрези.

Целиот текст можете да го прочитате на следниов ЛИНК

Извор: tvm.mk

Facebook Коментари