Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во соработка со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“, го реализира Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, целта е да се создадат еднакви можности за децата со попреченост во редовните училиштата низ земјава. Во негови рамки се спроведува и големата кампања Биди Инклузивен. Во кампањата се вклучија и познати личности како Влатко Лозаноски, Андријана Јаневска, Дејан Лилиќ, Милчо Манчески, Стојанче Стоилов и други и ги испратија своите пораки за еднаквост и прифаќање на различностите. Деталите ги дознавме од Г-ѓа Бранка Џајковска од фондацијата „Чекор по чекор“.
Разговорот можете да го проследите на следново видео
Извор: Play radio
Facebook Коментари