Владата денеска ќе одлучува за олабавување на рестриктивните мерки

- Македонија
370

Владата денеска од 12:00 часот ќе одржи редовна седница, на која ќе одлучува по  предлогот на Главниот координативен кризен штаб за олабавување на рестриктивните мерки, што доколку се усвојат ќе почнат да важат од утре.

Предложените мерки се:

Почнувајќи од 12 мај 2021 година, забраната и посебниот режим на движење на населението и возилата од јавен превоз да почнува од 24:00 часот до 05:00 часот.

Соодветно на ова, дозволено време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) да биде до 23:30 часот.

Сите настани да може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор.

Наменскиот протокол за згрижени деца во детските градинки да се измени, односно да се дозволи зголемување на бројот на деца од 15 на 20 во една група.

Вежбалните, фитнес центрите и теретаните да може да отпочнат со вршење на својата дејност во објектите.

Да се дозволи користење на годишните одмори за здравствените работници.

Доколку бидат усвоени, овие мерки ќе важат до 18 мај 2021 година.

Facebook Коментари