Четири нови случаи на корона вирус- новозаболените се од Скопје

- Македонија
659

Четри нови случаи на корона-вирус во Македонија. Бројката се искачи на 35. Сите четири лицџа се од Скопје.

„Состојбата на сите пациенти е стабилна. Доцна синоќа на Скопскиот аеродром пристигна авионот со патници од Брисел. Патниците беа тестирани на коронавирус и задржани во изолација до добивање на резулатите. Резулататите на сите патници се негативни, а тие се пуштени дома во задолжителна изолација. Лицата кои беа привремено сместени во Пепелиште ги посетија епидемилози, а денеска ќе бидат преместени во објектот одреден за групна изолација во Демир Капија, посочуваат од Министерството“.

За повеќе информации за состојбата со коронавирусот министерот за здравство Венко Филипче ќе информира на прес-конференција закажана за 15:00 часот.

Strugaonline

Facebook Коментари