Оливер Спасовски: Ова е вонредна ситуација и затоа е потребна и вонредна состојба

- Македонија
566

-Ова е вонредна ситуација и затоа е потребна и вонредна состојба. Владата веќе нема ниту најмала дилема затоа на денешната седница донесовме одлука да предложиме воведување вонредна состојба на цела територија на нашата држава, сега и веднаш, рече на прес конференција премиерот Оливер Спасовски.

Toj  додаде дека мерките кои досега се носеа ги дадоа очекуваните резултати, но тие мерки сега е неопходно да се надоплнат да се заострат, да ги радикализираме со воведување на вонредна состојба за да спречиме, колку е тоа можно, уште поголем пик на корона вирусот. Убедени сме дека таквата ескалација можеме да ја спречиме со воведување вонредна состојба на територијата на цела држава.

– Заканата од масовно ширење на вирусот бара радикални мерки. Затоа Владата донесе одлука да му предложи на Собранието да прогласи вонредна состојба. Упатуваме апел да се свика, да ја донесе оваа одлука. Собранието е распуштено, но постои уставна одредба дека претседателот на Македонија има овластување да прогласи вонредна состојба во траење од 30 дена. Уставна и правна основа постои, само треба силна волја, висока одговорност на сите политички субјекти да ја прифатат оваа реалност. Ова ќе биде за првпат да се воведе ваква мерка во историјата на нашата земја и ова е една од најтешките одлуки што ја донела било која Влада досега, истакна премиерот Спасовски.

Потенцираше дека секој еде граѓанин и субјект е повикан во оваа битка. Ако сакаме да си ја заштитиме нацијата сите мораме да се однесуваме и вонредно и одговорно. Политиканството да се остави за некои други, нормални времиња, сега е време исклучиво да се справуваме со вирусот и ништо друго. За животите на сите наши граѓани се работи. Затоа сите да се крнеме на висината на задачата, порача Спасовски.

Facebook Коментари