Денеска е последен ден од пописот

- Македонија
399

Согласно Законот за попис, денеска е последниот 26-ти ден од Пописот на населението, домаќинствата и становите во Македонија 2021 година. До вчера во земјава се попишани вкупно 1.760.194 лица, 546.080 домаќинства и 789.406 станови, додека можноста за самопопишување на лица во странство, досега ја искористиле – 201.247 граѓани од дијаспората.

Продолжување на Пописот, засега не е побарано од Државниот завод за статистика, кој, како што посочи вчера владиниот портпарол Душко Арсовски, ќе го има последниот збор за тоа.

-Последниот збор ќе го има Државниот завод за статистика, информациите од таму се дека на неполни два дена до завршувањето на теренското попишување на целата територија на државата се прават финални проверки за евентуално пропуштени граѓани и веќе се затвораат пописните кругови во Скопје, каде што има најголема концетрација на население, изјави вчера Арсовски.

Facebook Коментари