Денеска е празник посветен на Света Екатерина

- Македонија
524

Православните верници денеска го чествуваат празникот  во знак на почит кон Света Екатерина.

 

Таа потекнуваше од царски род. Татко и умре наскоро по нејзиното раѓање, па така таа остана да живее со мајка си во Александрија. Беше одлично школувана и надарена со голема телесна убавина.

Мајка и која беше потајно христијанка ја научи на верата во Христа.

За време на гонењето на Максентиј, кога света Екатерина имаше 18 години беше изведена пред суд и погубена заради нејзината истрајност во верата. Пострада во 310 година.

Нејзините чудотворни мошти се пазат во Синајскиот манастир што го носи нејзиното име.

Мошне е позната и почитувана и во Македонија, особено заради силните врски на македонската Црква со Синајскиот манастир.

извор: МПЦ-ОА

фото: архива

Facebook Коментари