Денеска ќе биде потпишан договор меѓу Владата на РМ и Советот на министри на Босна и Херцеговина за заемно признавање и замена на возачки дозволи

- Македонија
968

Денеска со почеток во 12.00 часот во Свечената сала во Владата на Република Македонија ќе се одржи свечено потпишување на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина за заемно признавање и замена на возачки дозволи.

Во име на Владата на Република Македонија, договорот ќе го потпише министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, а во име на Советот на министри на Босна и Херцеговина, министерот за комуникации и транспорт, Исмир Јуско.

На чинот на потпишувањето ќе биде присутен и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески кој претходно ќе оствари и билатерална средба со Министерот за комуникации и транспорт, на БиХ, Исмир Јуско, во билатералната сала со почеток од 11.00 часот.

Извор: Влада н РМ

Strugaonline

Facebook Коментари