Бендот „Визија“ го објави најновиот спот за песната „Крик“

- Музика
900

Македонскиот алтернативен рок бенд Визија го објави најновиот спот за песната „Крик“ од нивниот албум „Гласно!“ кој беше издаден во декември минатата година.

Видеото е изработено од Пирамид продукција, во режија на Кристијан Шемко, главните улоги ги толкуваат самите членови на бендот: Марко Џамбазоски, Марко Гапо, Лилјана Јанкова и Синиша Ѓорѓевиќ, а покрај нив како актерка се појавува и Марија Трајан.

Членовите на „Визија“ до сега имаат настапено на дел од најголемите балкански фестивали како што се Заечарската гитаријада (Србија), Таксират (Македонија), Јелен демофест (БиХ), Лејк фест (Црна Гора), Миксер (Србија), Земјотрес (Македонија), Rock ‘n’ pop the borders (Бугарија) итн. Посебно значајно е што годинава беа единствен бенд од Македонија кој имаше можност да настапи на престижниот „EXIT во Нови Сад.
Покрај овие настапи, бендот добива одлични критики од американската радио станица „WMBR” и британските музички веб сајтови „The devil has the best tuna” и „Emerging Indie Bands” кој на неговата листа на најдобри 90 нови бендови од светот за 2014 година, ја поставува „Визија“  на високото седмо место.

Strugaonline

Facebook Коментари